Публикација
Процедура „Без-приговор“ за Република Северна Македонија
18 март 2021
Документот е структуриран во три клучни делови, вклучително:
- Сопственост од страна на државата и функционирање на Зелениот климатски фонд, кој има за цел да обезбеди општ преглед на принципот на Зелениот климатски фонд за сопственост од страна на државата и општите предлози на Фондот за обезбедување сопственост од државата во контекст на пристапот до климатски финансии;
- Сопственост од државата во Република Северна Македонија, кој дава краток опис на институционалната поставеност и релевантните елементи потребни да се обезбеди сопственост од државата во Република Северна Македонија во контекст на ангажманот со Зелениот климатски фонд, вклучително и опис на ННО и предложениот национален координативен механизам за прашања поврзани со ЗКФ;
- Процедура “Без-приговор” во Република Северна Македонија, која обезбедува детален опис на постапката преку која предлозите за финансирање преку ЗКФ ќе бидат оценети пред да бидат поднесени на разгледување до ЗКФ, вклучително и улогите и одговорностите на различните засегнати страни, специфичните критериуми, системот за бодување, обрасците и други важни елементи за поддршка на ННО и механизмот за координација.
Објавено од
ФАО