Квалитетно образование
Таргети за цел 4
4.1 До 2030 година да се осигури дека сите девојчиња и момчиња стекнале бесплатно, еднакво и квалитетно основно и средно образование, што понатаму ќе овозможи постигнување соодветни и делотворни резултати
4.2 До 2030 година да се осигури дека сите девојчиња и момчиња имаат пристап до квалитетен ран детски развој, грижа и предучилишно образование, како подготовка за основно образование
4.3 До 2030 година да се обезбеди еднаков пристап за сите жени и мажи до достапно и квалитетно техничко, стручно и терциерно образование, вклучително и до високо образование
4.4 До 2030 година значително да се зголеми бројот на младите и на возрасните кои имаат соодветни вештини, вклучувајќи технички и стручни вештини, со цел вработување, добивање пристојни работни места и претприемништво
4.5 До 2030 година да се елиминираат родовите разлики во образованието и да се обезбеди еднаков пристап до сите нивоа на образование и стручна обука за ранливите граѓани, вклучително и за лицата со посебни потреби, домородните народи и децата во ранлива состојба
4.6 До 2030 година да се осигури дека сите млади и значителен број од возрасните, мажи и жени, постигнале јазична и нумеричка писменост
4.7 До 2030 година да се осигури дека сите ученици ќе се здобијат со знаења и вештини потребни за промовирање на одржливиот развој, меѓу другото, преку едукација за одржлив развој и одржлив начин на живот, човекови права, родова еднаквост, промоција на културата на мирот и ненасилство, глобалното жителство и разбирањето на културната разновидност и придонесот на културата кон одржлив развој
4.а Да се изградат и да се подобрат школските објекти кои ќе бидат приспособени на барањата на децата, лицата со попреченост и ќе ги земаат предвид родовите разлики обезбедувајќи безбедна, ненасилна, инклузивна и ефективна средина за учење за сите
4.б До 2020 година, на глобално ниво значително да се зголеми бројот на стипендии за земјите во развој, особено за најмалку развиените земји, за малите островски земји во развој и за земјите од Африка, за упис на високообразовни институции, вклучително и за стручни и технички обуки за информатичка и за комуникациска технологија, технички, инженериски и научни програми, во развиените земји и во други земји во развој
4.в До 2030 година, значително да се зголеми понудата на квалификувани наставници, вклучително и преку меѓународна соработка за обука на наставници во земјите во развој, особено во најнеразвиените земји и во малите островски земји во развој