Цел за одржлив развој
6

Чиста вода и санитарни услови

Да се обезбеди пристап до вода за сите и одржливо управување со водата и санитарните услови.

Таргети за цел 6

6.1 До 2030 година да се постигне универзален и еднаков пристап до безбедна и достапна вода за пиење за сите

6.2 До 2030 година да се обезбеди пристап до соодветни и еднакви хигиенски и санитарни услови за сите и да се стави крај на дефекацијата на отворено, со посебен осврт кон потребите на жените, девојчињата и ранливите лица

6.3 До 2030 година да се подобри квалитетот на водата преку намалување на загадувањето, спречување на нелегалното отстранување на отпадот и минимизирање на ослободувањето на опасни хемикалии и материјали, преполовување на учеството на непречистени отпадни води и значително зголемување на рециклирањето и на безбедната повторна употреба на глобално ниво

6.4 До 2030 година значително да се зголеми ефикасноста при употреба на водата во сите сектори и да се осигурат одржливи капацитети за зафаќање и резерви на слатка вода, за да се одговори на недостатокот на вода и значително да се намали бројот на луѓе што страдаат од недостиг на вода

6.5 До 2030 година да се спроведе интегрирано управување со водните ресурси на сите нивоа, вклучително и прекугранична соработка, соодветно на потребите

6.6 До 2020 година да се заштитат и да се обноват екосистемите кои се поврзани со водите, меѓу кои и планините, шумите, мочуриштата, реките, подземните водни тела и езерата

6.a До 2030 година да се прошири меѓународната соработка и поддршката за градење на капацитетите на земјите во развој, за активности и програми поврзани со водоснабдување и санитарни услови, меѓу кои и собирање вода, десалинизација, ефикасност на системите за водоснабдување, третман на отпадни води, рециклирање и технологии за повторна употреба

6.б Да се поддржи и да се зајакне учеството на локалните заедници при подобрување на управувањето со вода и санитарни услови