Безбедни и иновативни здравствени услуги за време на COVID-19


North Macedonia

Почеток: 2020-12-31
Крај: 2022-03-31

Обезбедувањето услуги за поддршка на сексуалното и репродуктивното здравје, имунизацијата и родовото насилство драстично се намали од избувнувањето на СОВИД-19. Главната цел на овој проект е да се подобри пристапот на жените, адолесцентните девојчиња и децата, до овие услуги, со посебен фокус на најранливата популација во оддалечените и недоволно опслужените области.

Проектот ќе воведе иновативни здравствени услуги, обезбедени од медицински тимови во мобилните гинеколошки клиники со цел да се подобри пристапот до гинеколошките/акушерските услуги; зајакнување на интегрираното упатување и поддршка за родово базирано насилство (РБН), подобрување на опфатот со имунизација и собирање податоци преку воведување на дигитализиран регистар за е-имунизација; комуникација со населението што се двоуми за имунизација, како и подигнување на свеста на жените и девојките за сексуалното и репродуктивното здравје и родовото насилство. Со тоа значително ќе се подигне квалетот на овие услуги што се намали поради избувнувањето на COVID-19.

Оваа заедничка програма е возможна благодарение на придонесите во Фондот на ОН за одговор и закрепнување COVID-19 од страна на владите на Норвешка, Холандија, Швајцарија, Данска, Шведска, Република Кореја, Финска, Австрија, Обединетото Кралство, Шпанија, Нов Зеланд, Соединети Американски Држави, Исланд, Хрватска, Португалија, Тајланд, Република Словачка, Романија, Камбоџа, Кипар и Филипини.

 

Организации што учествуваат:

УНФПА

УНИЦЕФ

СЗО

 

Партнери за спроведување:

Министерство за здравство,

Министерство за труд и социјална политика,

Дирекцијата за е-здравство,

Здружение на гинеколози и акушери,

Комисија за безбедно мајчинство и здраво новороденче,

Македонско лекарско друштво,

Македонско здружение на медицински сестри и акушерки,

Универзитетска клиника за психијатрија,

Граѓански организации.





Инвестициски партнери:

ОН КОВИД-19 Фонд за Справување и Закрепнување

Цели што ги поддржуваме преку оваа иницијатива

Дополнителни документи