Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и од УНИЦЕФ, децата се вратија во училницете на 1 февруари
По одлуката на Владата да го одложи почетокот на вториот дел од учебната година, УНИЦЕФ потсети на итноста за овозможување училиштата да бидат отворени и безбедни. Покрај загубите во учењето, затоврањето на училиштата може да има негативно влијание врз менталното здравје на децата, да го намали пристапот до одредени услуги што ги добиваат преку училиштата, како и да го зголеми ризикот од насилство.
Со имплементација на соодветни мерки за заштита од ризици, училиштата може да понудат безбедна околина за децата и да не бидат главни двигатели на ширењето на пандемијата во заедницата. Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и од УНИЦЕФ, децата се вратија во училницете на 1 февруари. Додека земјата се уште се соочува со ширење на вирусот низ заедницата, потребно е сите да придонесат за да оддржат училиштата отворени за децата.