"Покажи ми некои работи“ од Програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ ПМГ) во Северна Македонија
Финансирана од ГЕФ како кооперативна програма, Програмата за Мали Грантови – ПМГ (Small Grants Programme – SGP) е спроведувана од УНДП и е извршувана од УНОПС
За ГЕФ ПМГ: Финансирана од ГЕФ како кооперативна програма, Програмата за Мали Грантови – ПМГ (Small Grants Programme – SGP) е спроведувана од УНДП и е извршувана од Канцеларијата за Проектни Услуги на Обединетите Нации – УНОПС.
Основана во 1992 година, ПМГ е активна во 127 земји и промовира иновации засновани на заедницата, развој на капацитети и развој преку проекти за одржлив развој за здруженија (невладини организации) со посебно внимание за домородните народи, жени и млади. На глобално ниво ПМГ поддржа над 26.000 локални проекти за зачувување на биолошката разновидност и одржливост, ублажување и адаптација на климатските промени, одржливо управување со земјиштето, зачувување на меѓународните води и управување со хемикалии и отпад, истовремено генерирајќи одржлив живот. Во Северна Македонија ГЕФ ПМГ официјално започна во мај 2005. Досега финансирани се 153 проекти со вкупно доделена сума 2,919,096 САД$ и генерирајќи кофинансирање (готовина и неготовина) во износ од 3,211,351 САД$.
Наслов на проектот: Столарска едукативна работилница за намалување на отпадот од индустријата за мебел во Скопје
Здружение грантист: Центар за одржливи иницијативи, Скопје
Одобрена/ Вкупн сума: 30.611 УСД/ 51.314 УСД
Времетраење на проектот: март 2022- февруари 2023 година
Партнери на проектот: Компани за мебел: Акрон, Бранимир компани, Монозеро; Фамод, Блажиќ, Биба терк, Инфинити студио и Пасворд продукција
Во овој момент не постои едукативен центар за столарство за возрасни. Лицата кои работат столарство во најголема мера се самоуки, односно се лица кои добиле обука низ работата, а лица кои поминале школа за столарство се ретки. Дополнително, мебел индустријата не се насочува кон производството од аспект на циркуларна економија и генерираниот отпад не го гледаат како потенцијална суровина.
Генерална цел на проектот е да промовира социјално-одговорни и еколошки практики во столарството на намалување на отпадот во мебел индустријата преку создавање на столарски-едукативен центар.
Проектни активности:
- Подготовка на програми и лица за едукативни работилници во областа на столарството и мебел индустријата (изработка на 6 програми за едукативни работилници за одржливо столарство).
- Една работилница за лични вештини од областа на столарството наменета за лица кои претходно немале столарско искуство и која може да насочи кон вработување; обука на најмалку 10 учесници и искористување на најмалку 0,5 тони отпаден столарен матерјал.
- Пет едукативни столарски работилници, со еколошка едукација на 50 учесници (хоби столари) и искористување на најмалку 0,5 тони отпаден столарски матерјал.
- Управување со мрежа за одржливо столарство каде ќе бидат поврзани компаниите - поддржувачи на проектот и други компании кои ќе изразат желба да станат дел со најмалку 20 вклучени компании.
Проектни резултати: Проектот, односно столарско-едукативниот центар ќе биде отворен за сите возрасни лица, без дискриминација. Се очекува дека најмалку 50 луѓе годишно од скопскиот регион ќе имаат директна корист со учество на работилниците. Се очекува уште најмалку 500 луѓе директно да имаат корист од произведените производи. Во однос на социјалната функција – вработување, се очекува да има најмалку 5 лица годишно кои ќе се обучуваат со можности за вработување во столарската индустрија.
Родов аспект: Покрај проектните цели, проектот има поставено приоритети, еден од нив е давање можности, самодоверба и охрабрување на жените да се занимаваат со столарство. Имено, добар дел од компаниите (5) вклучени во проектот се раководени од жени, а двајцата обучувачи се жени.
Дополнително, грантистот преку својот проект Велосипедски социјален центар Педала оствари соработка со бројни организации кои работат со социјално загрозени групи и преку нив ќе овозможи учество во обука за вработување на тие групи граѓани.
За повеќе информации кликнете тука.