Говор на постојаниот координатор на ОН во Северна Македонија, Росана Дуџак
„Учењето од минатото е клучно за да се спречат проблемите во иднината."
Минатото ни дава можност учиме од минатото и да идентификуваме работи кои сега можеби не се толку очигледни, а со тоа обезбедува важен увид во спречувањето и решавањето на идните проблеми. Секогаш кога се занимаваме со историја, фокусот секогаш треба да биде на „учењето“, за да се избегне повторување на истите грешки, одново и одново.
По Втората светска војна, на 10-ти декември 1948 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Универзалната декларација за човекови права. Тоа не беше само големо достигнување во обединувањето на светот во желбата да се постигне подобар живот за сите, туку и главна алатка за учење, со надеж дека никогаш повеќе нема да бидеме сведоци на бруталноста на Втората светска војна.
Декларацијата е водич кој опфаќа 30 члена кои гарантираат права и слободи, кои за некои се реализирани, додека за други остануваат надвор од дофат. Тие вклучуваат пристап до образование, вработување, правична плата, гласачки права, здравствена заштита и многу повеќе; вредностите на слободата на говорот, приватноста и меѓусебното почитување без разлика на пол, раса, етничка припадност или религија се откриени во Декларацијата.
Оваа година ќе ја одбележиме 75-годишнината од Универзалната декларација за човекови права и ако некогаш имало момент да се разгори надежта за човекови права кај секој човек, тоа е сега!
Имавме доста предизвици во изминатите неколку години, почнувајќи од една од најголемите здравствени кризи до економската и енергетската криза, војната во Украина и зголемените трагедии и борби кои произлегуваат од климатските промени.
За жал, во секој од овие примери покажавме дека сè уште не сме подготвени да учиме од минатото и да се подготвиме за подобра иднина.
Напредокот е процес и иако напредокот во однос на човековите права не може да се негира, тој процес ќе беше побрз и поефикасен доколку повеќе се фокусиравме на учењето од минатото. Ако некој се прашува зошто треба да го забрзаме процесот, тоа е поради светоста на човечкиот живот и животот на сите живи суштества на оваа планета, за нас и за сите идни генерации.
Затоа, визијата на Декларацијата оди многу подалеку од човековите права, дури и сега, 75 години подоцна.
Во 2023-та година, семејството на ОН ќе работи на повторно заживување на Универзалната декларација за човекови права, покажувајќи ги начините на кои таа ги задоволува потребите на нашето време и унапредувајќи го своето ветување за достоинство, слобода и правда за сите.
Ќе го оживееме фокусот на широк опсег прашања за човековите права, содржани во Универзалната декларација, на кои им е потребна конкретна и итна акција. Секој месец ќе ставаме центар на внимание на различно прашање, од правата на жените, мирот и правдата до климата и животната средина, со цел да го поттикнеме напредокот во Северна Македонија и на глобално ниво.
Искрено се надеваме дека нашите партнери ќе ни се придружат во овој повик за акција за човекови права и да создадеме средина во која ниеден живот не се зема здраво за готово и никој не е оставен зад себе.