Преку заедничка работа до подобри здравствени услуги за сите
28 март 2022
СКОПЈЕ| 28 март 2022 – Како да се подобрат здравствените услуги и како да се направат достапни и пристапни за сите луѓе беше во фокусот на дискусиите на завршниот настан од заедничката програма „Безбедни и иновативни здравствени услуги во време на КОВИД-19 во Северна Македонија, што се одржа денес во Скопје.
Претставници на семејството на Обединетите нации (ОН), здравствени работници и претставници од голем број национални партнери вклучени во програмата разговараа за научените лекции од заедничката програма, имплементрана од три агенции на ОН, УНФПА, УНИЦЕФ и СЗО, во координација со Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН, а финансирано од Фондот на ОН за одговор и закрепнување од КОВИД-19.
Учесниците на настанот дискутираа и за како да се допре до лицата што можеби не се покриени со здравствени услуги, како да се подобри превентивната заштита во оддалечени региони и места, како да се зајакне имунизацијата, да се користи дигитализација за да се подобри пристапот до здравствени услуги.
„Оваа програма е воспоставена како брз и иновативен одговор на растечките потреби предизвикани од КОВИД-19 и среќни сме што сме меѓу мал број на земји во светот ние што добија финансии од Фондот на ОН за одговор и закрепнување од КОВИД-19,” рече Патриција ДиЏовани, Привремен вршител на должноста Постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија. „Програмата овозможи бесплатни, живото-спасувачки услуги за луѓето, особено за жените и девојчињата што живеат во потешко достапни регионии, а за кои овие услуги можеби се прекинати поради КОВИД-19. Таа треба да служи како пример за многу идни активности и инвестиции во здравствениот сектор, не само за заштита на човечките животи, туку и за зголемување на квалитетот на живот и за подобра иднина на сите луѓе во земјата.”
„Безбедни и иновативни здравствени услуги во време на КОВИД-19 во Северна Македонија” е заедничка програма што помогна владата да воспостави основни здравствени услуги во контекст на КОВИД-19 преку надградба на веќе направените, значајни инвестиции во националниот систем за здравствена и социјална заштита, за заштита од ширење на заразни болести и за обезбедување на соодветен одговор на разни кризни состојби.
Програмата понуди неколку иновативни здравствени услуги, како на пример мобилните гинеколошки клиники што посетија потешко достапни региони и места, регистарот за е-имунизација чија цел е да се подобри собирањето на податоци и пресметката на покриеност со вакцини, подигнување на свеста за важноста од имунизација со особен фокус на лицата што се двоумат за вакцинација, како и подигнување на свеста кај жени и девојчиња за сексуално и репродуктивно здравје и за родово-базирано насилство. Овие подобрени услуги таргетираат конкретно утврден дефицит предизвикан од КОВИД-19 и овозможуваат ефикасно собирање на податоци за имунизација, потребни за креирање на здравствените политики, истовремено придонесувајќи за поголе професионална поддршка и поддршка од јавноста за вакцинацијата.
Програмата таргетира ранливи категории на жени, адолесцентни девојчиња и деца, особено тие што живеат во оддалечени региони во земјата, што би имале корист од здравствени услуги поврзани со сексуалното и репродуктивно здравје, имунизација и психо-социјална поддршка. Имплементацијата на програмата започна во јануари 2021, а завршува сега, на крајот на март 2022, со вкупен буџет од $850,000.
Програмата е заеднички спроведена од три агенции на Обединетите нации, во соработка со клучни национални партнери, вклучително и Министерствата за здравство, и за труд и социјална политика, директоратот за e-Здравство, Здружението на гинеколози и обстетричари, Комитетот за безбедно мајчинство и новороденчиња, Македонското здравствено здружение, Македонското здружение на сестри и акушерки, Универзитетската клиника за Психијатрија и граѓански организации.
Оваа заедничка програма е овозможена благодарение на придонесите кон Фондот за одговор и закрепнување на ОН за COVID-19 од Владите на Норвешка, Холандија, Швајцарија, Данска, Шведска, Кореја, Финска, Австрија, Обединетото Кралство, Шпанија, Нов Зеланд, САД, Исланд, Хрватска, Португалија, Тајланд, Словачка, Романија, Камбоџа, Кипар и Филипини.
Повеќе инфо на:
https://northmacedonia.un.org/en/170196-safe-and-innovative-health-services-times-covid-19