Натпревар во цртање за подигање на свеста за животната средина организиран од ОН
Детски ликовен натпревар
Драги деца и родители,
Со задоволство ве информираме дека оваа година ОН Северна Македонија ќе организира Детски натпревар во цртање на кој децата од 6 до 16 годишна возраст, од кој било дел на земјата, можат да бидат дел од Натпреварот за цртање за подигање на свеста за животната средина организиран од ОН. Идејата на овој натпревар е да ја вклучиме помладата генерација во борбата против климатските промени, да ја подигнеме нивната свест кога станува збор за еколошките прашања и да ги поттикнеме да размислуваат повеќе за тоа како сите ние можеме да дадеме најдобар придонес кога станува збор за подобар живот во светот, градот и населбите во кои живееме.
Важноста на живеењето во поздрава средина најдобро може да се научи во најраните години. Тоа е време кога се развиваат навиките на луѓето, а спроведувањето на овие добри навики во однесувањето на децата, додека тие растат, е најдобриот начин да се постигне целта за да живееме во поздрава средина во иднина.
Да ја промениме иднината преку ангажирањето на најмладите. Оваа планета во иднина ќе се потпира на нив. Да им покажеме на сите дека се грижиме, дека #СеГрижам.
Датуми на аплицирање: од 26 Септември до 10 Октомври
Правила: Оригинален цртеж во една од трите категории (1. SDG13 Акција за справување со климатските промени, 2. SDG14 Живот под вода, 3. SDG15 Живот на копно).
Опис: Главниот фокус на цртежот треба да биде на активностите кои учесниците мислат дека треба да се преземат, за да се спаси земјата и водите и да се живее во поздрава животна средина и подобра планета. Како ние можеме да влијаеме за и другите да преземат активности за борбата против климатските промени и нивните влијанија?
Возраст: Конкурсот е отворен за сите деца од 6 до 16 годишна возраст.
Избор: секое испратено уметничко дело ќе биде прикажано за време на онлјан активностите за одбележување на Денот на ОН во 2022 година, додека цртежите на тројцата победници во трите возрасни групи (6-9; 10-12; 13-16) и цртежот на главниот победник ќе бидат презентирани во испечатена форма.
Како да аплицирате?
Ова е најлесниот дел. Сè што треба да направите е да ја следите Facebook страницата на ОН Северна Македонија, да го цртате вашето ремек дело, да го сликнете (по можност со висок квалитет во .jpg формат) и да ни го испратите преку Facebook порака. Истовремено, ќе треба да го вклучите името, презимето и возраста на авторот, краток опис на цртежот како и информации за контакт на родителот/старателот.