Цел за одржлив развој
14

Живот под вода

Да се заштитат и одржливо да се користат океаните, морињата и морските ресурси заради постигнување одржлив развој.

Таргети за цел 14

14.1 До 2025 година да се спречи и значително да се намали секакво загадување на морињата особено од копнените активности, вклучително и од морскиот отпад и загадувањето со нутриенти

14.2 До 2020 година одржливо да се управува со морските и крајбрежни екосистеми и да се заштитат за да се избегнат значителни негативни влијанија меѓу другото и преку зајакнување на нивната отпорност, како и да се преземат акции за нивно обновување, со цел да се обезбедат здрави и продуктивни океани

14.3 Да се минимизираат ефектите од закиселувањето на океаните и да се бара решение за нив, меѓу другото и преку напредна научна соработка на сите нивоа

14.4 До 2020 година ефективно да се регулира користењето плодови од морињата и да се запре прекумерниот риболов, непријавениот и нелегален риболов и деструктивните риболовни практики и да се спроведуваат научно базирани планови за управување, заради обновување на рибниот фонд во најкраток можен рок, барем до ниво што може да произведе максимално одржлив принос определен од биолошките карактеристики

14.5 До 2020 година да се заштитат барем 10 проценти од крајбрежните и од морските подрачја во согласност со националните и меѓународните закони и врз основа на најдобрите достапни научни информации

14.6 До 2020 година да се забранат одредени форми на риболовни субвенции што придонесуваат за прекумерен риболов, да се укинат субвенциите што придонесуваат за незаконски, непријавен и нелегален риболов и да не се воведуваат нови субвенции, препознавајќи дека соодветниот и ефективниот посебен и поинаков третман за земјите во развој и за најмалку развиените земји треба да биде составен дел од преговорите на Светската трговска организација за риболовни субвенции

14.7 До 2030 година да се зголемат економските придобивки од одржливо користење на морските ресурси за малите островски земји во развој и најмалку развиените земји, вклучително и преку одржливо управување со рибарството, аквакултурата и туризмот

14.a Да се зголемат научните знаења, развивање на капацитетите за истражување и трансфер на морските технологии, земајќи ги предвид критериумите на Меѓувладината океанографска комисија и Упатството за трансфер на морска технологија, со цел да се подобри квалитетот на океаните и да се зголеми учеството на морскиот биодиверзитет во развојот на земјите во развој, особено на малите островски земји во развој и најмалку развиените земји

14.б Да се обезбеди пристап до морските ресурси и пазари за малите професионални рибари

14.в Да се подобри заштитата и одржливото користење на океаните и на нивните ресурси преку примена на меѓународното право, како што е наведено во Конвенцијата на ОН за поморските закони (UNCLOS), која обезбедува правна рамка за заштита и одржливо користење на океаните и нивните ресурси, во согласност со наведеното во став 158 – Иднината што ја сакаме