Земјоделското земјиште е главен ресурс за производство на храна и економски активности во руралните средини, особено за малите семејни земјоделци.
Конкуренцијата на европските пазари и во глобалната економија е полесна со земјоделско земјиште кое има добра структура, пристап до инфраструктура и технологии.
Прекумерната расцепканост на земјоделското земјиште, малата површина на земјоделските стопанства, како и недоволната и застарена земјоделска инфраструктура (пристапни патишта, системи за наводнување и одводнување), се заеднички проблем на македонските земјоделци. Поради ниските приходи и ограничените развојни можности, младите луѓе масовно мигрираат од руралните средини.
Со цел решавање на овие проблеми, Европската унија и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) го создадоа проектот МАИНЛАНД кој им помага на земјоделците да се справат со расцепканоста на земјиштето, и со тоа да ја подобрат продуктивноста на земјоделското производство и животот во руралните средини.
Спроведувањето на Националната програма за консолидација на земјиштето под раководство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство позиционира Северна Македонија како лидер во регионот во спроведување на вакви сложени структурни земјишни реформи. МАИНЛАНД е одличен пример за успешна консолидација на земјиште и во меѓународни рамки.
Погледнете го видеото за повеќе информации за резултатите од проектот МАИНЛАНД и неговото влијание преку лични приказни на главните корисници на поддршката.