Цел за одржлив развој
12

Одговорна потрошувачка и производство

Да се обезбеди одржлива потрошувачка и производство.

Таргети за цел 12

12.1 Да се спроведат 10-годишните програмски рамки за одржлива потрошувачка и производство така што сите земји ќе преземат акции, развиените земји ќе бидат лидери, а притоа ќе ги земат предвид развојот и капацитетите на земјите во развој

12.2 До 2030 година да се постигне одржливо управување и ефикасно користење на природните ресурси

12.3 До 2030 година да се преполови отпадот од храна по глава на жител на глобално ниво во малопродажбата како и на ниво на потрошувачи, и да се намали загубата на храна во текот на производството и синџирот на снабдување, вклучително и на загубите по бербата

12.4 До 2020 година да се постигне здраво и еколошко управување со хемикалии и со сите видови отпад во текот на нивниот животен циклус а во согласност со договорените меѓународни рамки, и значително да се намали нивното ослободување во воздухот, водата и почвата со цел да се минимизираат нивните негативни влијанија врз здравјето на луѓето и врз животната средина

12.5 До 2030 година значително да се намали создавањето отпад преку спречување, намалување, рециклирање и повторна употреба

12.6 Поттикнување на претпријатијата, особено на големите и меѓународните компании да усвојат одржливи практики и да интегрираат информации за одржливоста во својот циклус на известување

12.7 Да се промовираат практики за јавни набавки што се одржливи и во согласност со националните политики и приоритети

12.8 До 2030 година да се осигури дека луѓето насекаде имаат релевантни информации и зајакната свест за одржлив развој и животен стил во хармонија со природата

12.a Да се поддржат земјите во развој да ги зајакнат своите научни и технолошки капацитети, со цел да се насочат кон одржливи модели на потрошувачка и производство

12.б Да се развијат и да се спроведат алатки за следење на одржливиот развој и влијанијата од одржливиот туризам којшто создава работни места и ја промовира локалната култура и производи

12.в Да се рационализираат неефикасните субвенции за фосилни горива што поттикнуваат непотребна потрошувачка преку отстранување на пазарните нарушувања, во согласност со националните услови, вклучително и преку преструктуирање на оданочувањето и исфрлање од употреба на штетните субвенции, онаму каде што постојат, преку прикажување на нивните влијанија врз животната средина, земајќи ги целосно предвид специфичните потреби и услови на земјите во развој, со намалување на можните негативни влијанија врз нивниот развој на начин што ќе ги заштити сиромашните и загрозените заедници