Приказна
08 април 2026
Семејно-паметни политики како инструмент за справување со недостигот на работна сила
Скопје | 6 април 2026 | – Инвестицијата во семејно‑паметни политики на работното место може да ги зголеми задоволството и продуктивноста на вработените, да привлече и задржи врвни таленти, особено жени, да го намали отсуството и флуктуацијата и да придонесе за надминување на недостигот на работна сила со кој моментално се соочува Северна Македонија. Таквите политики можат исто така да го подобрат здравјето, учењето и долгорочните резултати кај децата.Ова беше заклучокот од денешната тркалезна маса организирана на Економскиот факултет од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и семејството на Обединетите нации (ОН) во земјата, со поддршка од националните и билатералните стопански комори.Околу педесет бизнис лидери, креатори на политики и академици се собраа за да дискутираат како семејно‑паметните политики можат да им користат на локалните компании и да придонесат за справување со растечкиот недостиг на работна сила во Северна Македонија. Како и многу други земји, државата се соочува со затегнат пазар на труд, предизвикан од демографски пад, иселување, несогласување на вештини и стареење на населението. Истовремено, речиси 40% од жените во работоспособна возраст остануваат надвор од работната сила – најчесто поради неплатени обврски за грижа и ограничен пристап до флексибилни, семејно‑поддржувачки практики на работното место, вклучувајќи услуги за грижа за деца.„Економската неактивност на жените претставува огромен, неискористен потенцијал за одржлив економски развој на земјата. Семејно‑паметните политики се еден од ефективните начини да се ослободи тој потенцијал – за семејствата, за компаниите и за долгорочниот развој на државата,“ изјави Рита Колумбија, постојан координатор на ОН во Северна Македонија.Тркалезната маса ги обедини компаниите – шампиони во семејно‑паметни политики (СПП) и претставници од приватниот сектор кои се заинтересирани за воведување на такви политики, како и за учење од нивните искуства. Компаниите-шампиони, меѓу кои Comfy‑Angel, EVN, NLB и Textile Solutions, ги изградија своите капацитети во семејно‑паметни политики преку проект финансиран од Австрија и имплементиран од УНФПА, со вклученост и на УНИЦЕФ „Проширување на изборите: Родово‑одговорни семејни политики за приватниот сектор на Западен Балкан – Фаза 2“.Дополнително, наодите од анкетата на работодавачи спроведена од УНИЦЕФ и консултациите покажуваат силен интерес кај компаниите за поддршка на решенија за грижа за деца, но со насоки и поттик од Владата. УНИЦЕФ работи со Владата и компаниите за идентификување на модели на политики и финансирање за јавно‑приватна соработка во справување со овој предизвик. Освен грижата за деца, други семејно‑паметни политики ги овозможуваат жените да влезат, да останат и да напредуваат во работната сила. Други агенции на ОН како МОТ, УНДП и UN Women работат на поврзаното законодавство и градење вештини за економско зајакнување на жените.Учесниците дискутираа за мотивациите, предизвиците и научените лекции, нагласувајќи го позитивниот ефект врз регрутацијата, задржувањето и ангажманот на вработените.Оваа тркалезна маса ги позиционира семејно‑паметните политики (СПП) не (само) како социјални бенефиции, туку како стратешки деловни алатки што им помагаат на компаниите да привлечат, задржат и мотивираат таленти во затегнат пазар на труд.