Соопштение

Како да се зголеми финансирањето на ЦОР во фокусот на годишната конференција на ОН за ЦОР

02 декември 2021

* Конференција на ОН | Кон поголема усогласеност на јавното и приватното финансирање со одржливиот развој

Состојбата во врска со финансирањето на иницијативи поврзани со Целите за одржлив развој (ЦОР) во Северна Македонија и зголемено финансирање на ЦОР во земјата, беше во фокусот на денешната годишна Конференција на ОН што се одржа во Скопје. Претставниците на Владата, финансискиот сектор, приватниот сектор, академската заедница, меѓународната заедница и семејството на ОН, разговараа за тоа како различните нови развојни случувања околу финансирањето на ЦОР се користат на глобалните пазари и како тие можат да се искористат во севкупниот развој на земјата .

„Денешната конференција има за цел да ја отвори дискусијата за финансирањето на ЦОР со  преглед на тековните напори во земјата, расветлување на тековните глобални случувања и идентификување на следните чекори коишто се потребни за да се продолжи со пренасочување на постоечкото финансирање кон одржливост и подобар квалитет на живот за сите“, рече Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Северна Македонија. „Во многу земји во светот, како и во Северна Македонија, финансиските средства се оскудни, особено имајќи го предвид социо-економското влијание на КОВИД-19. Затоа, за да се постигнат овие амбиции, важно е постојните финансиски текови, и јавни и приватни, да се пренасочат кон внимателно избрани интервенции коишто ќе го забрзаат развојот на одржлив начин и ќе избегнат инвестиции коишто создаваат негативни појави.

„Преку конкретни мерки за пренасочување на постоечките можности за финансирање кон ЦОР, можеме да обезбедиме намалени емисии на гасови на CO2 или подобрување на здравјето. Можеме да обезбедиме зголемен економски раст и благосостојба за повеќе луѓе, рече вицепремиерот, Фатмир Битиќи.

Во Северна Македонија, банките сѐ повеќе се фокусираат на одржливо финансирање, но може да се направи многу повеќе за да се обезбедат поголеми можности за финансирање. Постојат различни искуства за тоа што најдобро функционира  низ светот, од земји и големи корпорации кои издаваат ЦОР и зелени обврзници и организираат тргување со емисии на јаглерод, до банки и други финансиски институции кои ги интегрираат ЦОР во нивните инвестициски одлуки и усвојуваат стандарди како што се  стандарди за еколошко и одржливо управување и принципи за одговорно банкарство. Од комбинирани финансии и други опции  до внесување на различни финансиери за ко-финансирање на одржливиот развој, па сѐ до преобликување на основна дејност на приватниот сектор за да биде  по мерка на еколошкото, социјалното и корпоративното управување.

„Централните банки на глобално ниво сѐ повеќе се фокусирани на ризикот од климатски промени бидејќи климатските промени можат да влијаат на целите на централните банки. Оваа година, Народната банка на Република Северна Македонија го вклучи зеленото финансирање како една од клучните стратешки цели во својот среднорочен стратешки план. Народната банка спроведе истражување коешто покажува дека зелените кредитни линии претставуваат само 2,5% од сите издадени кредити, но со тренд на пораст“, рече Анита Ангеловска Бежоска, гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија.

За Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање, ставањето на луѓето и планетата во сржта на нашиот економски систем не е само етички или политички императив, туку и економска стратегија и стратегија за управување со ризик.

„Цената на непостапувањето сега е поголема од цената за постапувањето. Глобалната закана од катастрофи поврзани со климата, идните пандемии и други шокови го доведоа развојот во светот на  финансиите до точка на пресврт. Сепак, приспособувањето на пазарите, политиките и однесувањата ќе бара проактивни интервенции од сите чинители долж инвестицискиот синџир“, рече Нуредини.

Исто така, тој информираше дека, меѓу другото, постојат два клучни аспекти на коишто се посветени нашата Влада и Министерството за животна средина и просторно планирање: разгледување на можности за законски обврзувачки јаглероден данок и самоодржлив систем за управување со отпад.

„Планот за зголемен економски раст е насочен кон инвестиции во стратешки приоритетни области како што се зелена економија, дигитализација, иновации и технолошки развој, инфраструктура, човечки капитал и социјална кохезија, кои ние како Влада ги идентификувавме како клучни области за инвестиции кон поголем економски раст, и кои исто така одговараат на приоритетите на ЦОР. Овие области се вклучени во Планот за засилен економски раст, во којшто утврдивме инструменти и јасни чекори за реализација на проекти коишто ќе овозможат негова реализација. Целта е да се зголемат јавните инвестиции, а во исто време да се зголеми мобилизација на средства од приватниот сектор“, рече Фатмир Бисими, министер за финансии.

За Масимилијано Паолучи, директор на Светска банка, во справувањето со последиците од пандемијата КОВИД-19, земјата треба да одговори на долгорочните грижи за одржливост преку стимулирање зелени инвестиции и иновации, а во исто време да се стреми да ги намали емисиите преку еколошки даночни реформи и добро насочени зелени политики.

„Постојат одредени ризици со коишто креаторите на политиката во земјата би можеле да се соочат на краток рок при управувањето со транзицијата кон ниско-јаглеродна  економија и затоа имплементацијата на зелената агенда треба да се одвива во фази со текот на времето“, рече Паолучи.

Марјан Петрески, професор на УАКС и економист во Finance Think смета дека финансиските институции и приватниот сектор се клучни за постигнување на Целите за одржлив развој и за обезбедување на нивното финансирање.

„Голем дел од приватното финансирање доаѓа од банките преку кредитни политики и во тој сегмент има позитивни движења кон таканареченото одговорно банкарство, што значи поддршка и придобивки во финансирањето на одржливи проекти (проекти кои ги исполнуваат стандардите за добро еколошко, социјално и корпоративно управување), рече Петрески.

На конференцијата беше претставен и новиот извештај за пејзажот на финансирањето на ЦОР во земјава. Извештајот беше нарачан од Канцеларијата на постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија и изработен во периодот јули – ноември 2021 година, како дел од напорите на ОН за Северна Македонија за отворање дијалог и зајакнување на фокусот во земјата за финансирање на ЦОР.

 

Aleksandar Dimishkovski

Александар Димишковски

RCO
Комуникации и застапување

Тела на ОН вклучени во оваа иницијатива

МОТ
Меѓународна организација на трудот
ИОМ
Меѓународна организација за миграции
RCO
United Nations Resident Coordinator Office
UN Women
Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените - UN Women
УНДП
Програма за развој на Обединетите нации
УНЕП
Програма за животна средина на ОН
Фонд за население на ОН
УНФПА
УНХЦР
Канцеларија на висок комесаријат за бегалци на ОН
УНИЦЕФ
Фонд за деца на ОН
УНОПС
Канцеларија за услуги на проекти на ОН
СЗО
Светска здравствена организација

Цели што ги поддржуваме преку оваа иницијатива