Обука за Агендата 2030 одржана во Скопје
20 септември 2021
Претставници на централната и локалната власт, медиумите, приватниот сектор, граѓанското општество и меѓународните организации учествуваа на обука за Агенда 2030, наменета за чинители од разни сектори.
Педесет претставници на централната и локалната власт, медиумите, приватниот сектор, граѓанското општество и меѓународните организации учествуваа на обука за Агенда 2030, наменета за чинители од разни сектори, во организација на Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН и во соработка со Колеџот за кадарот на системот на ОН.
Работилницата има за цел да потикне потемелно разбирање за концептите на кои се темели Агендата 2030 и на кој начин се поврзани разните димензии за одржлив развој, како и да се разгледа поврзаноста со целите и политиките за развој на национално ниво.
Северна Македонија, заедно со 193 земји-членки на Обединетите нации, ја усвои Агендата 2030 и се обврза на постигнување на 17 Цели за одржлив развој во 2015 год.
„Постигнат е значителен напредок, и на глобално и на локално ниво, во последните години, но постојат и комплексни предизвици, како што е и пандемијата со Ковид-19. За да го забрзаме напредокот кон Агенда 2030, мораме да осигураме поголемо преземање одговорност и дејствување и да ги искористиме лекциите научени за време на кризата со Ковид-19,” рече Росана Дуџак, Постојан координатор на ОН во Северна Македонија. „Многу често погрешно се смета дека Агендата е „Агенда на ОН”. Тоа е многу далеку од вистина. За напредок во исполнувањето на Агендата 2030, неопходен е пристап што го опфаќа целото општество и одговор од целиот систем за да се идентификуваат релевантните приоритети во земјата и стратешките интервенции за да се забрза социо-економскиот и еколошкиот напредок на интегративен начин.”
Работилницата претставува единствена можност за учесниците да се вклучат во практични вежби за подетално разбирање на Агендата 2030 и да се разгледаат релевантни примери од земјата за вклученост на ЦОР во националните и регионалните (ЕУ) агенди.
Оваа обука ја спроведе Колеџот за кадарот на системот на ОН (UNSSC). Со седиште во Торино (Италија) и втор кампус во Бон (Германија), UNSSC претставува центар за извонредност за обуки и управување со знењето во системот на ОН, којшто опфаќа над 10,000 корисници во и надвор од ОН секоја година. Од 2015, сите активности за учење и обуки на колеџот се насочени кон овозможување на системот на ОН и неговите партнери да се справат со предизивиците што ги наметнува Агендата 2030 за одржлив развој.