Мобилизација на ресурси и Стратегија за партнерство Северна Македонија
Ниту една институција / организација, вклучително и ОН, нема ниту дофат ниту ресурси сама да ја спроведе Агендата 2030. Решавањето на некои од најкомплексните прашања со кои се соочува светот бара институции / организации од секој сегмент на општеството да ги здружат ресурсите и експертизата за да се стремат кон иднината во која можеме да создадеме можности, изобилство и достоинство за сите, притоа почитувајќи ги планетарните граници.
Спроведувањето на Агендата 2030 бара нов каталитички деловен модел на ОН. Наместо само имплементација во име на донаторите, ОН, исто така, треба да работи заедно со партнерите за да изгради стратешки односи кои споделуваат ризици и одговорности. Партнерствата не се само за привлекување средства, туку подеднакво и за ангажирање партнери за прашања од заеднички интерес за градење подлабоки и долготрајни соработки за да се поттикне напредокот кон Агендата 2030.
Стратегијата за мобилизација на ресурси и партнерство (RMPS) е рамка за напорите за мобилизација на ресурси и развој на партнерства на ОН Северна Македонија.