Годишен извештај за резултатите на Обединетите нации во Северна Македонија во 2020
Обединетите нации во Северна Македонија го презентираат Годишниот извештај за резултатите на Обединетите нации во Северна Македонија во 2020 согласно стратешките приоритети идентификувани во Рамката - Партнерство за одржлив развој 2016-2020
Работата на ОН придонесува за националниот развој и стратешките приоритети, заложбите за меѓународните човекови рава и родова еднаквост, како и за заложбите за исполнување на Целите за одржлив развој (ЦОР).
Во 2020, 24 тела на ОН беа вклучени во оперативни активности или активности за поддршка на развојот на Северна Македонија, работејќи заедно преку Тимот на ОН во земјата, под лидерство на Постојаниот координатор - кој е назначен претставник на Генералниот секретар на ОН за развој во земјата.
Од нив, 17 имаат физичко присуство во земјата - преку претставнички канцеларии, проектни тимови или преку Канцеларијата на Постојаниот координатор на ОН – a четири тела ги спровудуваа активностите од дистанца.
Тимот на ОН во земјата во 2020 вклучуваше повеќе од 250 национални и меѓународни професионалци и помошен персонал, поддржани од експерти и вработени од регионалните и глобалните канцеларии низ светот. .