Најново
Приказна
03 јули 2026
Инвестициите во одржливост претставуваат голема можност за зголемување на конкурентноста на приватниот сектор
Дознајте повеќе
Приказна
04 јуни 2026
Состанок на Заедничкиот управувачки комитет на Рамката за соработка за одржлив развој помеѓу Обединетите нации и Северна Македонија 2026–2030
Дознајте повеќе
Приказна
03 јуни 2026
Томо Поповски од Скопје меѓу победниците на глобалниот ликовен конкурс Натпреварот за постери по повод Светскиот ден на храната 2025
Дознајте повеќе
Најново
The Sustainable Development Goals in Северна Македонија
Целите за одржлив развој се глобален повик за акција да се стави крај на сиромаштијата, да се заштити животната средина и климата и да се обезбеди сите луѓе да уживаат во мир и просперитет. Ова се целите на кои Обединетите нации работат во Северна Македонија:
Приказна
03 јули 2026
Инвестициите во одржливост претставуваат голема можност за зголемување на конкурентноста на приватниот сектор
Одржливоста не е услов, туку голема можност за зголемување на конкурентноста на приватниот сектор во Северна Македонија. Ова беше заклучокот на денешниот Бизнис форум со наслов „Претворање на одржливоста во конкурентност: Изградба на отпорни бизниси во неизвесен свет“.За промоција на одржливоста како извор на поголема конкурентност за приватниот сектор, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Стопанската комора на Северна Македонија и семејството на Обединетите нации во земјата, во соработка со други домашни и меѓународни партнери, го организираа форумот.„Денешниот форум е многу повеќе од уште една конференција посветена на економијата. Тоа е можност да разговараме како ја замислуваме иднината на нашата земја и каква економија сакаме да градиме во годините што следат,“ изјави Христијан Мицкоски, Претседател на Владата на Република Северна Македонија.Учесниците на форумот нагласија дека одржливоста не е дестинација, туку трансформативно патување, каде успехот зависи од адаптабилност, иновации и отпорност, а не од големината на фирмите. Компаниите што рано инвестираат во ефикасност на ресурсите, иновации, одговорно управување и развој на работната сила се подобро позиционирани да управуваат со ризици и да ги искористат можностите.„Одржливоста е добра за развој и раст на бизнисот. Инвестирањето во поинклузивна, поотпорна и поодржлива иднина не е само заедничка одговорност — тоа е конкурентна предност која им помага на компаниите да управуваат со ризик, да се прилагодат на промените и да напредуваат во услови на неизвесност,“ рече Рита Колумбија, постојан координатор на ОН во Северна Македонија. „Затоа Обединетите нации стојат подготвени да соработува со приватниот сектор, нудејќи знаење, партнерства и практични алатки за усогласување на бизнис успехот со одржливиот развој.“Меѓу многуте теми, учесниците дискутираа за Одржливост / ESG во пракса, како што се Иновации, Дигитализација и Зелени инвестиции за отпорност, Одржливи синџири на снабдување и подготвеност за извоз, како и Пристап до одржливо финансирање и ESG‑поврзани инвестиции.Заклучокот беше дека посилната соработка меѓу Владата, приватниот сектор, финансиските институции, коморите и развојните партнери е суштинска за одржливоста да стане двигател на раст, извоз и отпорност. Тие препорачаа воспоставување национална мулти‑партнерска платформа за промоција на одржливи деловни практики, обезбедување прилагодена поддршка и финансирање за МСП за исполнување на барањата на ЕУ пазарот, проширување на пристапот до комбинирано одржливо финансирање, зајакнување на стопанските комори за испорака на практични ESG решенија и мерење на напредокот преку национален панел за одржлива конкурентност. Заедно, овие чекори имаат цел да ја претворат одржливоста во извор на долгорочна економска сила и подобрен животен стандард.„Одржливоста треба да биде интегрирана во секоја ниша од општествениот систем, од образованието до приватниот сектор, за во духот на Агендата 2030 никој да не биде изоставен и секој да може да придонесе за општествениот развој,“ препорачаа учесниците.Покрај многу институционални претставници, меѓу кои Народната банка на Република Северна Македонија, Македонската берза и други, на дискусијата се приклучија и претставници од бројни приватни компании со свои искуства и практики, со цел да инспирираат други компании да го следат нивниот пример. Меѓу нив беа претставници од ЕВН, Телеком, Пакомак, Завар, ТАВ аеродроми, ЕКО Флуид, Алкалоид, Витаминка, Макстил, Тиквеш, Комфи Ангел, Костал, неколку домашни банки (НЛБ, ПроКредит и Халк Банка) и меѓународни финансиски институции, како Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
1 of 5
Приказна
04 јуни 2026
Состанок на Заедничкиот управувачки комитет на Рамката за соработка за одржлив развој помеѓу Обединетите нации и Северна Македонија 2026–2030
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и Постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија, денеска го одржаа првиот состанок на Заедничкиот управувачки комитет за спроведување на новата Рамка за соработка за одржлив развој помеѓу Обединетите нации и Северна Македонија за периодот 2026–2030 година.На состанокот беа усвоени заедничките работни планови за претстојниот период. Воедно, беше направен осврт на досегашните достигнувања во спроведувањето на Рамката за соработка, како и на приоритетите за наредниот период.Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека улогата на Обединетите нации останува клучна како платформа за дијалог, двигател на развојните политики и гарант на меѓународниот поредок заснован на правила.„Особено значајно е што влегуваме во нов циклус на глобално лидерство во системот на Обединетите нации, со претстојниот избор на нов генерален секретар. Тоа отвора нова можност за дополнително зајакнување на ефективноста, реформите и релевантноста на Организацијата во справувањето со современите предизвици, како и за обновување и зацврстување на довербата во мултилатерализмот. Новата Рамка за соработка 2026–2030 претставува стратешка основа за понатамошно продлабочување на партнерството меѓу Владата и системот на Обединетите нации“, истакна Муцунски.
Постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија, ја нагласи важноста на заедничките напори на сите општествени чинители во процесот на одржлив развој и изрази благодарност за нивниот придонес.„Во 2025 година, Обединетите нации во Северна Македонија дејствуваа обединето во поддршка на националните приоритети на државата, истовремено завршувајќи ја Рамката за соработка 2021–2025 и поставувајќи ги основите за новата визија за периодот 2026–2030 година. Постигнатиот напредок е заеднички успех. Им благодарам на Владата за цврстото партнерство, како и на нашите развојни партнери за довербата, поддршката и соработката. Особено ја ценам улогата на граѓанските организации, академската заедница, младинските и женските организации, како и приватниот сектор, чии придонеси беа од суштинско значење. Заедно градиме позелена и поздрава иднина за генерациите што доаѓаат“, истакна Колумбија.Во рамки на дискусијата, членовите на Заедничкиот управувачки комитет од Владата и Тимот на Обединетите нации во земјата разменија мислења за приоритетите на Владата во тековниот период, како и за натамошната поддршка што системот на ОН може да ја обезбеди во спроведувањето на националните развојни цели и новата Рамка за соработка за периодот 2026–2030 година.
Постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија, ја нагласи важноста на заедничките напори на сите општествени чинители во процесот на одржлив развој и изрази благодарност за нивниот придонес.„Во 2025 година, Обединетите нации во Северна Македонија дејствуваа обединето во поддршка на националните приоритети на државата, истовремено завршувајќи ја Рамката за соработка 2021–2025 и поставувајќи ги основите за новата визија за периодот 2026–2030 година. Постигнатиот напредок е заеднички успех. Им благодарам на Владата за цврстото партнерство, како и на нашите развојни партнери за довербата, поддршката и соработката. Особено ја ценам улогата на граѓанските организации, академската заедница, младинските и женските организации, како и приватниот сектор, чии придонеси беа од суштинско значење. Заедно градиме позелена и поздрава иднина за генерациите што доаѓаат“, истакна Колумбија.Во рамки на дискусијата, членовите на Заедничкиот управувачки комитет од Владата и Тимот на Обединетите нации во земјата разменија мислења за приоритетите на Владата во тековниот период, како и за натамошната поддршка што системот на ОН може да ја обезбеди во спроведувањето на националните развојни цели и новата Рамка за соработка за периодот 2026–2030 година.
1 of 5
Приказна
03 јуни 2026
Томо Поповски од Скопје меѓу победниците на глобалниот ликовен конкурс Натпреварот за постери по повод Светскиот ден на храната 2025
3 јуни 2026, Скопје - Дванаесетгодишниот Томо Поповски од Скопје е избран за еден од глобалните победници на Ликовниот конкурс по повод Светскиот ден на храната 2025, организиран од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), што претставува четврти пат млад уметник од Северна Македонија да биде препознаен меѓу победниците на светско ниво.Ученик во седмо одделение во ООУ „Кочо Рацин“, Томо победи во категоријата од 9 до 12 години со својот цртеж инспириран од темата на конкурсот – „Рамо до рамо за подобра храна и подобра иднина“, која ја истакнува итната потреба од заедничка акција и глобална солидарност за градење мирна, одржлива и просперитетна иднина во која секој човек има пристап до здрава исхрана. Неговото уметничко дело прикажува луѓе од различни култури кои работат заедно околу нашата планета, опкружени со разновидна и здрава храна што симболизира соработка, одржливост и надеж. Преку својот цртеж, Томо пренесува едноставна, но моќна порака: кога луѓето работат заедно, можат да ги надминат предизвиците и да создадат подобра иднина за сите. „Мојот цртеж е инспириран од идејата дека луѓето можат да постигнат големи нешта кога работат заедно“, вели Томо. „Храната не е само нешто што ни е потребно за да преживееме; таа е нешто што ги поврзува семејствата, заедниците и народите.“ Томо е четвртиот млад уметник од Северна Македонија кој добива глобално признание на Ликовниот конкурс по повод Светскиот ден на храната на ФАО, по Сара Цветкова (2019), Павел Милановски (2020) и Михаела Стојменовиќ (2022). Нивните успеси ја одразуваат креативноста и растечката свест на младите во Северна Македонија за прашањата поврзани со обезбеденоста со храна, земјоделството и заштитата на животната средина.Рамо до рамо за подобра иднинаСекоја година, Ликовниот конкурс по повод Светскиот ден на храната на ФАО ги охрабрува децата и младите од целиот свет преку уметност да ја споделат својата визија за подобра иднина. Темата – „Рамо до рамо за подобра храна и подобра иднина“ – ја слави моќта на солидарноста и заедничкото дејствување во градењето свет во кој секој има пристап до здрава исхрана и живее во хармонија со природата. Преку своето уметничко дело, Томо нè потсетува дека подобрата иднина започнува со соработка. „Работејќи заедно, почитувајќи ја природата и обезбедувајќи храна за сите, можеме да создадеме свет кој е поздрав, похуман и поодржлив“, вели Томо. „Мојот цртеж е симбол на единство, солидарност и надеж за идните генерации.“Како четврти глобален победник од Северна Македонија на овој ликовен конкурс, Томо се приклучува на извонредна група млади уметници чии дела придонесоа глобалното внимание да се насочи кон обезбеденоста со храна, одржливото земјоделство и важноста на заедничкото дејствување за подобра иднина. Неговиот успех уште еднаш покажува дека младите од нашата земја имаат важен глас во глобалната дискусија за иднината на храната, животната средина и нашата планета.Прочитајте повеќе:Сара Цветкова од Скопје, победничка во 2019 година, која преку својот цртеж ја промовираше заштитата на пчелите за постигнување свет без гладПавел Милановски од Куманово, победник во 2020 година, кој преку својот цртеж го претстави земјоделецот како херој на хранатаМихаела Стојменовиќ од Скопје, победничка во 2022 година, која ја истакна важната улога на малите земјоделци во обезбедувањето разновидна и хранлива храна Сите победници на Ликовниот конкурс по повод Светскиот ден на храната 2025.
1 of 5
Приказна
15 мај 2026
Регионалната конференција на ФАО за Европа ја истакна отпорноста и инклузивноста во услови на климатски, економски и геополитички предизвици
14/05/2026. Душанбе, Таџикистан – Министри и високи претставници од Европа и Централна Азија, од 11 до 15 мај 2026 година, престојуваат во Душанбе, каде што дискутираат за зајакнување на ефикасноста, инклузивноста, отпорноста и одржливоста на агро-прехранбените системи во услови на сè поизразени климатски, економски и геополитички предизвици.35-тата сесија на Регионалната конференција на ФАО за Европа (ERC35) се одржува во главниот град на Таџикистан под главната тема: „Обединети за одржливост: Интегрирање на климатските активности, зачувувањето на биодиверзитетот и обновата на земјиштето за одржливи агро-прехранбени системи во Европа и Централна Азија.“Конференцијата, која се организира на секои две години, претставува највисокото раководно тело на ФАО за Европа и Централна Азија и им овозможува на земјите членки и партнерите да дискутираат за најактуелните прашања во областа на храната и земјоделството, како и да ги дефинираат приоритетите на ФАО за следниот двегодишен период.Во своето обраќање пред учесниците на министерската конференција, генералниот директор на ФАО, Ку Донгју (Qu Dongyu), истакна дека предизвиците со кои се соочува регионот – климатските промени, економските притисоци и нарушувањата во глобалните синџири на снабдување – ги надминуваат националните граници и бараат заеднички пристап, координирана акција и солидарност.Тој нагласи дека фокусот на дискусиите треба да биде ставен на две клучни области: зајакнување на отпорноста на агро-прехранбените системи и обезбедување финансиски ресурси за нивна долгорочна трансформација и одржливост.Конференцијата се одржува во период кога земјите од Европа и Централна Азија се соочуваат со сè поизразени климатски шокови, нестабилност на пазарите и геополитички тензии, но и со сериозни предизвици како што се губењето на биодиверзитетот, недостигот на вода и зголемениот притисок врз достапноста на храната за населението.И покрај делумната стабилизација на глобалните пазари на храна по ценовните шокови во 2022 година предизвикани од војната во Украина, голем број земји од регионот и понатаму се соочуваат со високи цени на храната и зголемени трошоци за земјоделско производство, дополнително засилени од тековните случувања на Блискиот Исток.Ку потсети и на заклучоците од 180-тата специјална сесија на Советот на ФАО, каде што повторно било истакнато дека мирот и стабилноста се предуслов за сигурноста на храната, а правото на храна е основно човеково право. Тој нагласи дека е неопходна заедничка акција за ублажување на последиците од конфликтите врз ранливите категории на население и за обезбедување непречен пристап до храна, семе и ѓубрива за оние на кои им се најпотребни.Во однос на климатските предизвици, беше посочено дека Европа и Централна Азија се затоплуваат со темпо речиси двојно побрзо од глобалниот просек, што придонесува за почести суши, поплави, шумски пожари и дополнителен притисок врз земјоделството.Неодамнешните екстремни временски појави низ регионот, според Ку, се јасен сигнал дека досегашните модели на работа повеќе не се одржливи. Воедно, повеќе од 90 милиони хектари земјиште во Европа и Централна Азија се проценуваат како деградирани, што дополнително ја нагласува потребата од итни и координирани активности.Генералниот директор посочи дека ФАО има јасна насока за дејствување преку Стратешката рамка 2022–2031, заснована на концептот „Четири подобри“ – Подобро производство, Подобра исхрана, Подобра животна средина и Подобар живот, без никој да биде изоставен.Од 2015 година досега, финансиските средства насочени кон развој на агро-прехранбените системи во Европа и Централна Азија достигнале околу 21,4 милијарди американски долари, но, како што истакна Ку, тие сè уште не се доволни за да одговорат на реалните потреби на регионот.Во услови на ограничени јавни буџети и намален прилив на приватен капитал, особено за малите и средни претпријатија, генералниот директор на ФАО повика на продлабочена соработка меѓу владите, развојните банки, меѓународните финансиски институции и приватниот сектор со цел обезбедување поголеми инвестиции во одржливи и отпорни агро-прехранбени системи.Линк за преземање на видео пакетот со shotlist и сценарио: https://digital-media.fao.org/Detail/2A6XC5LT6XBY
1 of 5
Приказна
28 април 2026
Одбележан Светскиот ден за безбедност и здравје при работа: Безбедноста и здравјето при работа мора да ги опфатат и психосоцијалните ризици!
Скопје, 28 април 2026 – По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, денес во Хотел Александар Палас во Скопје се одржа настан посветен на психосоцијалните аспекти на работата, стресот, менталното здравје на работниците и потребата од создавање здрави психосоцијални работни средини. Настанот беше организиран од Советот за безбедност и здравје при работа на Република Северна Македонија, поддржан од проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“. Проектот го имплементира Меѓународната организација на трудот (МОТ) со финансиска поддршка од Европската Унија.Во фокусот на настанот беше пораката дека безбедноста и здравјето при работа не се сведуваат само на физичка заштита, туку подразбираат и системска грижа за менталната благосостојба, организацијата на работата, превенцијата на стресот и создавањето работни средини во кои луѓето можат да работат достоинствено, безбедно и продуктивно. Оваа тема е во согласност и со пошироките цели на проектот, кој има за цел да придонесе кон посовремена, поинтегрирана и превентивна национална рамка за безбедност и здравје при работа, усогласена со стандардите на МОТ и ЕУ. Настанот беше отворен со поздравни обраќања на претставници на институциите, Европската Унија, МОТ, работодавачите, синдикатите и Советот за безбедност и здравје при работа, кои упатија заедничка порака дека справувањето со современите ризици на работното место бара координиран пристап, силен социјален дијалог и јасна определба за превенција. Г-дин Гани Максути, директор на Државен инспекторат за труд, во состав на Министерството за труд и социјална политика, истакна дека „компаративно со податоците за 2024 година, имаме намалување кај повредите при работа со смртни последици. Тоа е 13 во сооднос со 8 — значи минус 5 смртни случаи. За БЗР, планирани надзори за 2025 беа 8,922 надзори, а извршени се 10,748, при што имаме зголемување од 20%“. Додавајќи дека „само со системски пристап од сите релевантни чинители може да се овозможи несаканите последици, како што се тешки повреди со смртни последици и повреди при работа, професионалните болести и болести поврзани со работа, да се сведат на минимум. Нашата заложба останува јасна: професионален, транспарентен и ефикасен Инспекторат кој работи во интерес на државата, работниците и законитото работење на стопанството“. Г-дин Александру Албу, Советник на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, порача дека „Европската Унија силно ја поддржува Северна Македонија во напорите да изгради модерна култура на превенција со европски стандарди за безбедност и здравје при работа кон целосен пристап кон благосостојбата на работниците:
„Работата не е само договори, плати или продуктивност. Таа е достоинство, баланс, почит и ментална благосостојба. Затоа Европската Унија поддржува градење култура на превенција, каде што условите за работа ги штитат и зајакнуваат луѓето, наместо да ги преоптоваруваат“.Проф. д-р Јасмина Чалоска, Претседателка на Советот за БЗР, нагласи дека „безбедноста и здравјето при работа не смеат да бидат тема на јавноста само кога ќе се случи трагедија на работното место. Тие мора да бидат постојан приоритет и дел од секојдневното работење.Ова е област која не трпи одложувања, политиканство или суети. Напротив, бара исклучително високо ниво на индивидуална и колективна одговорност од сите учесници во системот.Искрено се надевам дека во иднина ќе сведочиме на значително намалување на ваквите настани, па дури и на нивно целосно спречување“.Г-ѓа Владанка Трајкоска, Претседателка на ОРМ, истакна дека работодавачите имаат важна улога во создавањето здрави организациски култури:
„Дизајнирањето на здрави психосоцијални работни средини мора да се гледа како процес: од подигнување на свеста, кон конкретни мерки и системски пристап. Тоа значи отворена комуникација, превенција на стрес, поддршка на вработените и градење организациска култура во која менталното здравје е приоритет“.Г-дин Слободан Трендафилов, Претседател на ССМ, потенцираше дека „мораме да се сеќаваме на мртвите, а да се бориме за живите. За жал, денеска во Македонија не е безбедно да дојдете на работа и да се вратите дома — поздравувањето со семејството пред одење на работа не смее да биде последно. Денеска зборуваме за психосоцијалните ризици на работните места, но не смееме да ги заборавиме и психосоцијалните ризици со кои се соочуваат семејствата кои загубиле најблизок поради несреќа на работа. Наместо да се соочуваме со 72-часовни работни недели кои се надвор од сите меѓународни стандарди, мораме преку колективни договори да ја бетонираме заштитата и достоинството на работникот.“Г-дин Ангел Панев, Потпретседател на Совет за БЗР при КСС, посочи дека темата бара вклучување на сите социјални партнери:
„Овој ден е комеморација за сите кои ги загубиле своите животи на работните места, но и обврска за сите нас – социјалните партнери, струката и науката – да создадеме услови во кои идните генерации ќе имаат многу помалку проблеми на своите работни места.“Г-дин Емил Крстановски, Национален координатор – МОТ, повика кон неопходна итна трансформација, истакнувајќи дека:
„Луѓето кои ги губат своите животи при работа или поради работата не се само статистика — тие се нечии синови, ќерки, браќа, сестри, родители и сопружници. Мораме да се вратиме на темелните вредности на нашето општество: солидарноста и социјалната правда, наместо алчноста и сервилноста“. Во рамки на стручниот дел од програмата, проф. д-р Сашо Столески говореше за психосоцијалните аспекти на работата, акцентирајќи ја важноста на превенцијата од психосоцијални ризици преку соодветен дизајн и организација на работата. Тој ја истакна заедничката одговорност на работодавачите, вработените и медицината на трудот во градењето култура на отворена комуникација, доверба и психолошка безбедност, со цел да се намали синдромот на согорување и да се поттикне продуктивна работна средина. Потоа, проф. д-р Драган Мијакоски се осврна на стресот и менталното здравје на работниците во контекст на европската истражувачка област, нагласувајќи ја клучната улога на европските мрежи (како COST акциите) во креирањето на докажани стратегии за интервенција. Тој истакна дека овие прашања бараат повеќеслоен пристап кој ги обединува научните истражувања и практичните решенија, со посебен фокус на новите предизвици како влијанието на климатските промени врз благосостојбата на вработените.Во продолжение следуваа и онлајн вклучувања од меѓународни експерти на МОТ. Г-ѓа Клер Харасти, Директор на Канцеларијата на МОТ за Централна и источна Европа во Будимпешта, Жоаким Нунес Пинтадо, раководител на сектор за безбедност и здравје при работа во МОТ Женева, даде воведни согледувања за значењето на темата на глобално ниво, додека Манал Ази, експерт за политики и системи за безбедност од МОТ Женева, говореше за психосоцијалната работна средина: глобални трендови и насоки за делување, со осврт на потребата од политики што ја ставаат превенцијата во центарот. Особено значаен дел од програмата беше презентацијата „Зошто психосоцијалната работна средина е важна? Искуство од Норвешка“, во која Каролине Гродал, виш советник во Норвешкиот авторитет за инспекција на трудот, сподели практични искуства и пристапи за тоа како институциите и работните организации можат системски да ги препознаваат и управуваат психосоцијалните ризици. Овој меѓународен пример даде дополнителна перспектива за тоа како превенцијата може да се претвори во реални механизми и политики. Во сесијата посветена на проектот, Милан Петковски, проектен координатор при МОТ, се осврна на психосоцијалните рефлексии низ призмата на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“, нагласувајќи дека иако системот за безбедност и здравје при работа функционира (со 26.484 инспекциски надзори и 6.359 утврдени неправилности), податоците покажуваат дека фокусот сè уште е претежно на видливите, физички ризици. Во исто време, психосоцијалните ризици остануваат недоволно препознаени и евидентирани, иако имаат директно влијание врз здравјето, продуктивноста и организациската култура. Настанот заврши со интерактивна работилница на тема „Дизајнирање здрави психосоцијални работни средини: од свесност до акција“, што ја водеа проф. д-р Драган Мијакоски и проф. д-р Сашо Столески. Работилницата овозможи дополнителна размена на ставови и искуства меѓу учесниците и отвори простор за дискусија за конкретни чекори што можат да се преземат во институциите, компаниите и организациите за подобра превенција и унапредување на менталната благосостојба на работното место. Со денешниот настан беше испратена јасна порака дека иднината на безбедноста и здравјето при работа зависи од способноста на системот да ги препознае и адресира сите ризици – видливи и невидливи. Психосоцијалната работна средина, менталното здравје и квалитетот на работниот живот се важен дел од таа слика и мора да бидат интегрирани во јавните политики, институционалните практики и секојдневното функционирање на работните места.Проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“ продолжува да работи на јакнење на националната рамка за безбедност и здравје при работа преку реформи, институционално јакнење, дигитализација, поддршка на социјалните партнери и подигање на јавната свест, со крајна цел – побезбедни, поздрави и поодржливи работни места за сите.

Соопштение
27 март 2025
Северна Македонија се подготвува против чума кај малите преживари
Скопје, 27 март 2025 година. Симулациска вежба за појава на болеста чума кај мали преживари (Peste des petits ruminants) завршува денес во Северна Македонија. Вежбата беше организирана од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на Северна Македонија со поддршка од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и експерти од Агенцијата за безбедност на храна на Бугарија.Чумата кај малите преживари е високо заразна вирусна болест која ги погодува козите, овците, друг ситен добиток и дивите животни. Симптомите кај засегнатите животни вклучуваат висока температура и депресија, проследени со исцедок од очите и носот. Животните не можат да јадат, бидејќи нивната уста се покрива со болни рани, а истовремено страдаат од тешка пневмонија и дијареја. Откако еднаш ќе навлезе, вирусот може да зарази 90 до 100 проценти од подложната популација. Иако стапката на смртност варира, во тешки случаи може да достигне од 50 до 100 проценти. Оваа болест е тесно поврзана со вирусот на чума кај говедата (rinderpest), кој беше прогласен за искоренет на глобално ниво во 2011 година. Додека чумата кај говедата е успешно елиминирана, напорите за контрола и конечно искоренување на оваа смртоносна болест кај малите преживари продолжуваат.Појавата на чумата кај малите преживари во Европа, вклучително во Бугарија, Грција, Романија и Унгарија, ја нагласува потребата од превенција и контрола на оваа болест.Директорот на АХВ, Оливер Миланов, на отворањето на симулациската вежба ја нагласи важноста на вежбата за превенција и за проценка на ефикасноста на постојниот систем за заштита од болеста. Тој посочи дека болеста од минатата година е присутна во регионот и пошироко во Европа, и дека АХВ веднаш го активираше алармот за сериозен и координиран пристап кон нејзината превенција. „Засега успеваме заеднички да се заштитиме од болеста, која многу брзо и лесно може да ја зафати и нашата земја – особено во услови на динамична економија во европски и глобален контекст. Досега потврдивме извонредна, блиска и професионална соработка со сите чинители вклучени во системот за заштита од појава и ширење на чумата кај малите преживари – болест од А категорија, која бара спроведување на највисоки стандарди и мерки за заштита,“ изјави Миланов.Обраќајќи се на работилницата, Еран Раизман, ФАО експерт за здравје на животните во сточарството, истакна дека „чумата кај малите преживари претставува една од најголемите економски закани за фармерите кои се потпираат на малите преживари за својата егзистенција. Оваа обука ја зајакнува свесноста за болеста, обезбедува знаење за надзор, рано предупредување и системи за пријавување, како и добри практики за биосигурност, кои се клучни за нејзина превенција и сузбивање. Мултисекторски партнерства и координација со сите засегнати страни се неопходни за да се обезбеди искоренување на оваа болест.“Во тридневната симулациска вежба учествуваа претставници од АХВ, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ветеринарната комора на Северна Македонија, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, експерти од Европската унија и членови на Сојузот на здруженија на одгледувачи на овци ’’Модерен овчар”.Првиот ден, во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна, се одржа теоретско-практичен дел од симулациската вежба, посветен на презентации за болеста, клиничките знаци, земањето и пакувањето на примероци, надзорот и методите за сузбивање. Учесниците, исто така, добија преглед на искуствата на земјите од регионот кои се соочиле со оваа болест.Вториот ден во с. Брњарци, општина Гази Баба, се одржа теренскиот дел од вежбата, посветен на практична примена на различни процедури, како што се клинички преглед, земање на примероци, истражување на појава на жариште на болеста, како и активности поврзани со отстранување на угинати животни, чистење и дезинфекција по појава на болеста.Последниот ден ги сумираше наодите и препораките за подготвеност, вклучувајќи дискусија за психолошката поддршка на фармерите и ветеринарите за време на епидемии, како и измените во националниот план за итни мерки.Вредноста на овие вежби надминува едноставното идентификување на слабости во подготвеноста. Тие претставуваат и моќни методи за градење капацитети и создавање можности за ветеринарниот персонал да ги унапреди своите вештини. Слична симулациска вежба беше спроведена во периодот од 10 до 11 март 2025 година со поддршка на ФАО, во соработка со АХВ, со фокус на африканската свинска чума – смртоносна болест на свињите и дивите свињи, која е присутна во регионот.Корисни линкови:Peste des Petits Ruminants Global Eradication Programme (PPR-GEP)Глобална програма за искоренување на чумата кај малите преживари (PPR-GEP)FAO PPR websiteВеб-страница на ФАО за чумата кај малите преживари (PPR)FAO Alert: European countries to enhance preparedness for combating Peste des petits ruminantsФАО аларм: Европските земји ја зајакнуваат подготвеноста за борба против чумата кај малите преживариКОНТАКТ ЗА МЕДИУМИТЕ:
Радмила СлавковаСпецијалист за комуникации и мониторинг, ФАО radmila.slavkova@fao.org Тел.: +389 71 21 23 08
Радмила СлавковаСпецијалист за комуникации и мониторинг, ФАО radmila.slavkova@fao.org Тел.: +389 71 21 23 08
1 of 5
Соопштение
16 ноември 2023
Нови „зелени“ опции за заем за недоволно опслужените мали и средни претпријатија и поединци во Северна Македонија
СКОПЈЕ| 3 ноември 2023 година| Нови опции за заем со плаќања засновани на успешност (ПБП) ќе бидат достапни за малите и средни претпријатија (МСП), насочени кон групи кредитоспособни, но недоволно услужени поединци/домаќинства од Северна Македонија за финансирање на нивните инвестиции во обновливи извори на енергија (ОИ) и решенија за енергетска ефикасност (EE). Ова беше најавено на настанот за промоција на производите на Green Finance Facility (GFF) денеска во Скопје, на кој претставници од Владата на Северна Македонија, семејството на Обединетите нации (ОН), Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и од комерцијалните банки од земјава се состанаа за да ја одбележат оваа значајна пресвртница во спроведувањето на проектот.
„Имајќи предвид дека сите земји се соочуваат со многу предизвици, како што се економското закрепнување по Ковид, економската и енергетската криза, сметам дека овој проект со производи наменети за малите и средни претпријатија и поединци од недоволно опслужените категории е одлична можност. да ја изразиме нашата силна посветеност за забрзување на имплементацијата на Агендата 2030 и постигнување на целите за одржлив развој“ - рече Фатмир Битиќи, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции во Владата на Север. Македонија.
Шпаркасе Банка, ПроКредит Банка и Силк Роуд Банка се првите комерцијални банки кои ќе даваат подзаеми на малите и средните претпријатија и целните групи за инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, додека ГФФ ќе субвенционира 5-30% од главницата на заемот. Кредитите за ПБП од овој вид сега ќе бидат достапни на седум целни групи на кредитоспособни, но недоволно услужени поединци/домаќинства, вклучително домаќинства со жени на чело, самохрани родители, домаќинства со лица со попреченост, Роми, вработени погодени од Ковид-19, примачи на дознаки и мигрантите кои се враќаат. Инвестициите и од МСП и од седумте целни групи поединци/домаќинства се очекува да ја подобрат и намалат потрошувачката на енергија, да ги намалат емисиите на стакленички гасови и да придонесат за почист воздух во Северна Македонија. „ГФФ има за цел да ги донесе придобивките од зелената транзиција до малите и средните претпријатија и групите на општеството кои обично се последни кои се приклучуваат и имаат корист од зелената транзиција, како што се домаќинствата со самохрани родители, Ромите, домаќинствата со лица со попреченост и примателите на дознаки. Се надевам дека заемите од GFF ќе ги направат инвестициите во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност полесни и поприфатливи за малите бизниси и домовите“ – рече Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Северна Македонија. Програмата е усогласена со и го поддржува постигнувањето на Целите за одржлив развој (ЦОР) и целите на Рамката за соработка за одржлив развој на ОН (SDCF). Се очекува да резултира со 70.068 MWh годишна заштеда на енергија, 80.510 тони CO2-eq избегнати емисии и 10,7 MW во нов капацитет за обновлива енергија. Понатаму, овозможувањето пристап до пристапно финансирање за обновливи извори на енергија и решенија за енергетска ефикасност ќе придонесе за напредок кон ЦОР 7 и 13. Заемите за плаќање засновани на успешност ќе бидат достапни почнувајќи од 3 ноември 2023 година, до крајот на 2025 година или додека финансиските средства на GFF доделени за PBP не бидат целосно доделени на корисниците на проектот. Договорите со други локални партнерски финансиски институции одговорни за имплементација на заеми за плаќање врз основа на перформанси (ПБП) во земјата се очекува да бидат потпишани во 2024 година. Проектот „Green Finance Facility“ го спроведуваат Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Меѓународната организација за миграција (ИОМ) и Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE), заедно со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). како партнерска меѓународна финансиска институција, а финансиски е поддржан од Заедничкиот SDG фонд, со кофинансирање од Владата на Северна Македонија.

26 јули 2023
Повик за учество на тендер за ‘’Изградба на градби за хидромелиоративни работи и градби за уредување на земјоделско земјиште во с.Дабјани, Општина Долнени’’
Проектот финансиран од Европската унија „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“, ко-финансиран и спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО), распиша јавен тендер (UNGM Референтен број: 2023/REUXD/REUTD/122655) за обезбедување на услуги за „Изградба на градби за хидромелиоративни работи и градби наменети за уредување на земјоделско земјиште (тампонирани пристапни/сервисни патишта) во с. Дабјани, Општина Долнени’’.
Активностите што треба да се спроведат како дел од овој тендер вклучуваат градежни работи за подобрување на земјоделската инфраструктура во консолидационо подрачје Дабјани. Поконкретно, ова вклучува рехабилитација на постојните тампонирани пристапни/сервисни патишта и изградба на нови. Дополнително, ќе се спроведат хидромелиоративни интервенции за подобрување на системот за одводнување, вклучително и изградба на премини преку постојните одводни канали со користење на цевки и цевасти пропусти.
Потенцијални понудувачи можат да бидат сите градежни фирми регистрирани во Република Северна Македонија, кои поседуваат најмалку лиценца Б за градба, издадена од Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија.
За пристапување до тендерската документација и поднесување понуда, заинтересираните компании прво треба да се регистрираат на Порталот на Обединети Нации за глобален пазар - United Nations Global Marketplace portal (УНГМ-UNGM) (www.ungm.org/Vendor/Registration), бидејќи само компаниите регистрирани во UNGM имаат право да учествуваат. По успешна регистрација, компаниите ќе можат да пристапат до тендерската документација и да ги достават своите понуди преку истиот портал на UNGM (www.ungm.org/Account/Account/Login).
Краен рок за поднесување на електронска понуда за тендерот е 21 август (понеделник) 2023, најдоцна до 13:00 часот, по средноевропско време.
Повеќе информации:
Консолидационото подрачје Дабјани се наоѓа во општина Долнени, оддалечено приближно 22 км од градот Прилеп. Во моментов тоа е најголемиот тековен проект за консолидација на земјиште во Северна Македонија. Подрачјето зафаќа 742 хектари (ха) земјоделско земјиште, во сопственост поделена помеѓу 85 приватни сопственици на земјиште (435 ха) и државата (307 ха).
Во 2019 година беше спроведена Студија за оправданост (физибилити студија) за Дабјани со цел да се истражи потенцијалот за консолидација на земјиштето при што се испитаа земјоделското земјиште, сите имотни и правни прашања, состојбата на постојната земјоделска инфраструктура и нивото на интерес меѓу сопствениците на земјиштето за учество во процесот на консолидација. Студијата исто така го потврди пристапот на консолидација на земјиштето во Дабјани – распределба со промена на границите - кој е применет во ова подрајче.
По спроведувањето на физибилити студијата, беше спроведено планирање на распределба на земјиштето и проектирање на потребните интервенции во земјоделската инфраструктура во консолидационото подрачје. Планот за распределба на земјиштето беше усвоен во јануари 2022 година. Преку процесот на распределба на земјиштето поддржан од проектот MAINLAND финансиран од ЕУ, во Дабјани бројот на земјишни парцели значително се намали, од 602 на 127 парцели, резултирајќи со парцели со правилна форма и просечна големина од 5.84 ха, што е значително зголемување од претходниот просек од само 1.23 ха пред консолидацијата на земјиштето.
Во рамките на проектот ‘’Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија’’финансиран од ЕУ, беше направен Основен проект за Изградба на градби за хидромелиоративни работи и градби наменети за уредување на земјоделско земјиште (тампонирани пристапни/сервисни патишта) во село Дабјани, а градежната дозвола беше издадена од општина Долнени на 13 јули 2023 со бр. 33-970/11.
За проектот финансиран од ЕУ „Унапредување на консолидација на земјиштето во Северна Македонија“.
Надоврзувајќи се директно на резултатите од проектот MAINLAND, овој проект има за цел да му помогне на МЗШВ во понатамошното унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија преку подобрување на националната политика за консолидација на земјиштето, вклучувајќи ги стратешките, правните и институционалните рамки, како и да продолжи да ја поддржува имплементацијата на Националната програма за консолидација на земјиштето преку целосна имплементација на два проекти за консолидација вклучително и изградба на земјоделска инфраструктура. Буџетот на проектот е 1,2 милиони евра, финансиран од ЕУ ИПА II 2019 (1 милион евра) и придонес на ФАО (0,2 милиони евра). Проектот ќе се реализира во период од 42 месеци, почнувајќи од август 2022 година до јануари 2026 година.
За повеќе информации поврзани со соопштението, ве молиме контактирајте:
Радмила Славкова, Национален специјалист за комуникации на ФАО
тел: +389 (0)71 21 23 08
е-маил: radmila.slavkova@fao.org
Овој канал не треба да се користи за добивање појаснувања за прашања поврзани со самиот тендер. За таа цел треба да се користат само каналите наведени во тендерскиот документ.
1 of 5
Соопштение
13 јули 2023
Германија и Северна Македонија: Експерт на ОН ги поздравува напорите за репатријација, реинтеграција и гонење на државјаните повратници од Сирија и Ирак
ЖЕНЕВА (13 јули, 2023 година) – Експерт на Обединетите нации денес ги поздрави суштинските напори на Германија и Северна Македонија за решавање на сложената ситуација во која се наоѓаат нивните граѓани повратници од конфликтните зони, особено од Арапската Република Сирија, преку нивна репатријација, реинтеграција и гонење.
„Земјите како Германија и Северна Македонија покажаа дека репатријацијата не е само возможна, туку и практична“, рече Фионула Ни Аолаин (Fionnuala Ní Aoláin), специјален известувач на ОН за унапредување и заштита на човековите права и основните слободи во борбата против тероризмот, на крајот од 10-дневната посета на Германија и Северна Македонија.
Фионула Ни Аолаин ги истакна тешките услови во камповите и затворите во североисточна Сирија каде овие лица масовно и произволно се затворени, особено нагласувајќи ги тешките последици по ранливите деца коишто и понатаму се затворени без пристап до образование, здравствена заштита, безбедност и други основни права.
„Ги поздравувам напорите на Германија за поттикнување на енергичен и стручен ангажман на граѓанското општество во процесите на откажување, дерадикализација и реинтеграција, што покажува колку е важно да се има пристап што го вклучува „целото општество“ за враќањето на овие лица, како и пристап кој е заснован на човековите права и кој овозможува сеопфатна и нестигматизирачка реинтеграција во општеството“, рече таа.
Специјалниот известувач истакна дека Северна Македонија започна со изработка на модел за реинтеграција во заедницата врз основа на мултидисциплинарна експертиза со вклучување на социјални работници, клинички психолози и претставници од безбедносниот сектор со цел семејствата, особено жените и децата, целисходно да се реинтегрираат во нивните заедници.
Експертот истакна дека е важно гонењето за меѓународните злосторства со разорно дејство извршени од страна на ИСИС во Сирија и Ирак да се врши во согласност со начелата за владеење на правото. Таа го поздрави иновативниот и уникатен пристап на Германија во постапувањето по меѓународните кривични дела и видливата подготвеност на земјата за премостување на огромниот јаз во неказнивоста на злосторствата извршени од страна на ИСИС.
„Изречно повикувам на репатријација на мажите и жените од Германија и Северна Македонија, за да се осигуриме дека напорите за враќање и отчетност и понатаму ќе продолжат“, рече таа.
Ни Аолаин рече дека двете земји мора и понатаму будно да внимаваат на тоа дали политиките и практиките за борба против насилниот екстремизам поврзани со враќањето и реинтеграцијата се навистина усогласени со стандардите за човековите права. Таа изрази загриженост дека некои напори за реинтеграција во пракса, наместо да спречат, можат да предизвикаат стигма и отфрлање на повратниците од општеството.
„При гонењето и судењето на повратниците мора да се постапува во согласност со меѓународните стандарди за фер и правично судење, казните мора да бидат пропорционални и условите во казнено-поправните установи мора да бидат соодветни, со цел на повратниците да им се даде подеднаква можност за рехабилитација и реинтеграција во општеството“, рече експертот на ОН.
Специјалниот известувач го поздрави проактивниот пристап на двете влади кон ова сложено правно и политичко прашање, што претставува значаен пример за другите држави во поглед на олеснување на враќањето и реинтеграцијата на нивните граѓани од конфликтните зони, вклучувајќи ја и Сирија.
ЗАВРШУВА
Г-а Фионуала Ни Аолаин (Fionnuala Ní Aoláin) е назначена за Специјален известувач за унапредување и заштита на човековите права и основните слободи во борбата против тероризмот од страна на Советот за човекови права на Обединетите нации. Таа ја извршува оваа функција од 1 август, 2017 година. Г-а Ни Аолаин е истовремено почесен професор и професор по право, јавни политики и општество на Институтот Робина од Правниот факултет при Универзитетот во Минесота и професор по право на Универзитетот Квинс, Белфаст, Северна Ирска. Нејзиниот мандат ги опфаќа сите земји и неодамна беше обновен со Резолуција 49/10 на Советот за човекови права.
Специјалните известувачи се дел од таканаречениот механизам на Специјални процедури на Советот за човекови права. Специјални процедури, најголемото тело на независни експерти во системот за човекови права на ОН, е општиот назив за група независни механизми на Советот за утврдување на факти и следење коишто се фокусираат на конкретни ситуации во одредена земја или тематски прашања во сите делови на светот. Овие експерти работат на доброволна основа; тие не се вработени во ОН и не добиваат плата за нивната работа. Тие се независни од која било влада или организација и служат во индивидуално својство.
Страници од веб-локацијата на ОН за човекови права во земјите: Германија и Северна Македонија
За повеќе информации и прашања од медиумите, контактирајте со:
Г-а Карен Рејес Толоса (+41 76 342 3400; karen.reyestolosa@un.org)
За прашања од медиумите поврзани со други независни експерти на ОН, контактирајте со Маја Деруаз (maya.derouaz@un.org).
Вестите во врска со независните експерти за човекови права на ОН можете да ги следите и на Твитер под следната назнака: @UN_SPExperts
Загрижени сте за светот во којшто живееме?
Во тој случај, ЗАСТАНЕТЕ во одбрана на нечии права денес.
#Standup4humanrights
и посетете ја веб-страницата на http://www.standup4humanrights.org
Во тој случај, ЗАСТАНЕТЕ во одбрана на нечии права денес.
#Standup4humanrights
и посетете ја веб-страницата на http://www.standup4humanrights.org
1 of 5
Соопштение
20 февруари 2023
Заедничката работа клуч за подобрување на квалитетот на живот за сите луѓе во Северна Македонија
Членовите на Заедничкиот управен комитет разговараа за годишните резултати на ОН за 2022-ра година, можностите и предизвиците со кои се соочува земјата и ги поддржаа Заедничките работни планови за 2023-та година.
„Само со заеднички напори можеме да ги заштитиме човештвото и природата, особено ако сме посветени на постигнувањето на Агендата 2030, на национално и на глобално ниво. Целосната имплементација на рамката за соработка за одржлив развој е патот кон постигнување опипливи промени за луѓето во Северна Македонија, што резултира со подобри правни, поефикасни и поодговорни институции и поголема иднина за сите“, рече Фатмире Исаки, заменик министер за надворешни работи.
РСОР е клучен стратешки документ што ја води работата на ОН во Северна Македонија и ја претставува колективната понуда на системот за развој на ОН за поддршка на земјата во постигнувањето на целите за одржлив развој. За да се осигури дека ги одразува интересите и приоритетите на сите луѓе во земјата, РСОР е развиен преку партиципативен и консултативен процес, почнувајќи со анализа на развојниот контекст на земјата, стратешката приоритизација и нејзината операционализација преку годишните работни планови на ентитетите на ОН и засегнатите страни.
„Контекстот значително еволуираше од основањето на РОСР во 2020-та година. КОВИД-19 и неговото непосредно и долгорочно социо-економско влијание, проследено со тековните енергетски, безбедноста на храната и финансиските кризи – сите обликувани од војната во Украина – ставија значителен притисок врз Владата да продолжи да дава приоритет на реформските процеси и структурните промени бидејќи фискалниот простор се намалува, а ранливостите се зголемуваат“, вели Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Северна Македонија. „Со јасна цел и фокусирани стручни совети и поддршка, поткрепени со фокусот да не се остави никој зад себе, тоа ќе остане клучот на работата на ОН во Северна Македонија во 2023-та година.”
РОСР 2021-2025 година, исто така, ја одразува молбата на генералниот секретар на ОН за забрзана акција за спроведување на Агендата 2030 преку Декада на акција.
1 of 5
Најнови ресурси
1 / 11
Ресурси
27 ноември 2025
1 / 11